БОРГЕЛ ДООЕЛ е лиценцирана сметководствена компанија со долга традиција. Основана е во 1990 година, денес има 9 вработени лица кои во компанијата рaботат веќе 20-30 години и преставуваат синхронизиран  тим на професионалци за кои нема тајни во дејноста што ја работат. Вработените се овластени ревизори и овластени сметководители, како и адвокат со 30 годишно искуство, кој се грижи за исполнување на сите правни услуги што ги нуди компанијата. 

Денес, благодарение на нашето долгогодишно искуство и посветеност на работата овозможиме голема база на клиенти кои се:

  • Домашни и странски мали и средни претпријатија (со и над 300 вработени);
  • Дуќани;
  • Меѓународни странски корпорации;
  • Акционерски друштва;
  • Невладини организации;
  • Буџетски установи и институции;
  • Владини агенции и здруженија;
  • Проекти на ИПА, ИПАРД, ИФАД и Светска Банка, каде секоја организација има специфично свое барање за водење на сметководството и специфично известување за истото.

Нашите клиенти се од најразлични области и дејности:

  • Градежни компании;
  • Геодетски компании;
  • Производствени компании со различни производствени процеси;
  • Транспортни и шпедитерски компании;
  • Туристички агенции;
  • Компании за трговија на големо и мало;
  • Угостителство;
  • Здравствени организации;
  • Најразлични услужни дејности;

Oсвен услугите за основното сметководство, БОРГЕЛ овозможува и дополнителни консултантски услуги:

  • Консултантски услуги за надзор, финансиско даночен консалтинг, обука, известување и предлог решенија за наши големи клиенти кој имаат сопствено книговодство.
  • Консултантски услуги за избор на финансиски специфичен софтвер кој се користи за нови и постоечки проекти на ИПА, ИПАРД, ИФАД и Светска банка, изработка на финансиски Мануели за работа и обуки на персоналот во рамки на проектот. На ваков начин имаме поставено и акредитирано повеќе Проекти во Македонија и целиот Балкан.
  • Консултански услуги на софтверски куќи за изработка на софтвери во финансискиот дел. Стекнатото знаење и искуство со постојана едукација и посветеност ги користиме за да ги пронајдеме најдобрите решенија за вас.

БОРГЕЛ во моментов е единствен преставник во замјава на “CROWE GLOBAL” која е меѓу првите 10 најдобри консултантски куќи во светот.